spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Почетна
26 јуни –Меѓународен ден на борба против дрогата
Напишано од Igor Stojanovski   
26.06.2008.

 Денешниот ден, 26 јуни, според резолуцијата 44/111 донесена на 7-ми декември 1987 од страна на Генералното Собрание на Организацијата на Обединетите Нации се смета за Меѓународен ден на борба против дрогата и нелегална трговија со наркотици. Овој ден генерално се користи како повод за јавни дебати, акции, односно манифестации од различен тип, како на пример, за јубилејно горење на запленетата дрога во текот на годината. Но, во некои земји во Средниот исток и Азија и како повод за репресија врз луѓето кои употребуваат дрога.

Според Европската коалиција за правични и ефикасни политики на дрога, генерално репресијата врз лицата кои употребуваат дрога е во постојан пораст, а со актуланите политики на дрога најголемиот терет паѓа токму врз лицата кои се веќе маргинализирани корисници на дрога.

Властите во одредени подрачја на Кина овој ден го одбележуваат со егзекуции на лица кои биле осудени за трговија на дрога, чиј број, според извештаите на Коалицијата за намалување на штети, во изминативе години достигна 460 лица. Оваа година властите во овие подрачја на Кина не спроведоа егзекуции, но на самиот ден беа најавени неколку смртни казни за осум лица обвинети за трговија со дрога.

Коалиција за намалување на штети му напиша писмо на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, во кое го потикнуваат да превземе акција и да ги осуди егзекуциите и смртните казни во Кина со кои се одбележува овој ден како сериозни прекршувања на човековите права. Во Коалицијата сметаат дека прогресот во борбата против дрогата и проблемите поврзани со неа какви што се епидемијата на ХИВ, мора да се основа врз почитувањето на човековите права на сите.

Последно ажурирање ( 26.06.2008. )
 
Најава за конференција
Напишано од Igor Stojanovski   
16.06.2008.

На 19 јуни 2008 година (четврток), во хотелот Холидеј Ин, сала Милениум 2, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи конференцијата ”Мобилизација на локалните заедници во Република Македонија за превенција на ХИВ/СИДА меѓу млади кои се под најголем ризик ”.

На Конференцијата ќе бидат презентирани акционите планови за превенција на ХИВ/СИДА кај младите под најголем ризик, на општините Гостивар, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп и Битола, како и Акциониот план за дроги на Град Скопје.

Mладите на патот на созревањето неретко практикуваат различни форми на ризично однесување, изложувајќи се на ХИВ и други  инфекции.

Здружението на граѓани ХОПС во соработка со локалните власти и претставници на релевантни Владини и невладини организации и институции работеше на фацилитирање на процесот за изработка на локални акциони планови за превенција на ХИВ/СИДА меѓу младите кои се под најголем ризик. Плановите содржат приоритетни активности кои беа идентификувани од страна на локалните координативни тимови и кои се планира да бидат имплементирани, со цел превенција на ширењето на ХИВ/СИДА кај младите под најголем ризик.

Развивањето на младите во совесни, примерни и успешни граѓани , не зависи само од потенцијалите на младите, туку и од разбирањето и поддршката што ја добиваат од своето блиско и пошироко опкружување, семејството и заедницата воопшто. Од тие причини, вложувањата на заедницата во младите е од огромно значење за секое современо општество.

Конференцијата е организирана од страна на ХОПС-Опции за здрав живот во соработка со Центарот за институционален развој-ЦИРа, а финансиски е поддржана од УНИЦЕФ.

Последно ажурирање ( 16.06.2008. )
 
SWAN Билтен, Издание бр.19 Година 3, Април/мај 2008
Напишано од Igor Stojanovski   
16.06.2008.
Априлско и мајско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:
Македонија - сервисите за сексуалните работници се шират надвор од главниот град

Претставници на SWAN на Интернационалната концеренција за намалување на штети


ЛИНК до Билтенот

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 4 од 69
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB